Нема чудо во Подгорица: АБА-елитата останува недостижна за МЗТ Скопје

29

ФОТО: АБА 2-ЛИГА/ Драгана Стјепановиќ

МЗТ Скопје одигра многу подобро на вториот четвртфинален натпревар против Младост во битката за место во АБА-лига, но тоа не беше доволно за да се надокнади негативата од 20 поени. На крајот тимот од Аеродром колку за утеха успеа да слави со 92-86.

Гравет и Карачиќ со по со 21 поен беа први стрелци, Олуџоби запиша 17.

Противникот добро го отвори мечот, поведе со 0-8, на средината на првата четвртина имаше двоцифрени 11-21, пред крајот на овој период негативата беше 12 поени (19-31). Кошаркарите на МЗТ Скопје се разбудија во следниот период, со серија 12-2 дојдоа до првото водство на мечот (37-36). На одморот македонскиот тим замина со резултат 46-43.

Во вториот дел гледавме рамноправна битка, водството се менуваше, а МЗТ Скопје немаше сили за целосен пресврт. Останува сонот за враќање во јадранската лига да го оствари следната сезона.

ПретходноУ-17: Надежите поразени од Црна Гора во пријателски меч
СледноКФСМ ќе им додели рапид ПЦР тестови на клубовите