КФСМ од ден на ден добива сериозни удари од страна на македонските тренери кои се дел од Стручниот совет. Начинот на кој функционира ова советодавно тело е причината поради која пред два дена најуспешниот македонски селектор, Марин Докузовски за СПОРТМЕДИА изјави дека не сака да биде дел од Стручен совет кој е создаден само да фигурира на хартија.
КФСМ ДО ДЕН-ДЕНЕСКА НИТУ ЕДНАШ НЕ ПОБАРАЛЕ МИСЛЕЊЕ ОД СТРУЧНИОТ СОВЕТ
„Во Стручниот совет прифатив да бидам за доброто…
Posted by Sport-media.mk on Tuesday, April 20, 2021
Дознаваме дека и Александар Тодоров, уште еден некогашен предводник на македонскиот национален тим повеќе не е дел од Стручниот совет. Тренерот на Крајова својата оставка ја поднел пред две недели, во телефонски разговор го известил директорот на репрезентацијата, Тодор Гечевски.
Тодоров беше на клупата на Македонија во последните квалификации за ЕП, неговиот договор истече. КФСМ не ја продолжи соработката на негово место, без консултации со Стручниот совет го назначи Драган Бајиќ.
СПОРТМЕДИА дојде до информации дека се подготвуваат нови оставки во Стручниот совет при КФСМ. Македонските тренери се „прегазени“, ова за нашиот сајт го изјави и Лазар Лечиќ, основоположникот на македонската кошарка.
Основоположникот на македонската кошарка, Лазар Лечиќ со поддршка за Марин Докузовски и нашите тренери
*Ова е ранлив…
Posted by Sport-media.mk on Tuesday, April 20, 2021