Драган Начевски останува претседател на судиската комисија во ЕХФ

606

Драган Начевски останува претседател на судиската комисија при ЕХФ. Единствениот претставник од Македонија кој се најде меѓу номинираните на Конгресот на Европската ракометна федерација оваа функција ќе ја извршува и во следните четири години.

Начевски имаше противници на патот кон третиот мандат, за претседател на судиската комисија конкурираа уште Јиржи Конечни, Денис Рибел и Јута Волф, но довербата одново ја доби македонскиот претставник.

ПретходноМакедонија ќе биде коорганизатор на машкото сениорско ЕП во одбојка 2023 година!
СледноТрет фајнл-фор за нашиот судија: Игор Митровски во центарот во Тел Авив