Познати се земјите кои со Македонија ќе бидат ко-организатори на ЕП 2023

67

Одбојкарската федерација на Македонија денеска доби одлична вест, откако првиот човек на ЦЕВ, Александар Боричиќ потврди дека нашата земја ќе биде еден од четирите ко-организатори на Европското првенство за сениори во 2023 година.

Иако одлуката се уште не е помината на Бордот на ЦЕВ, тоа очигледно ќе биде само чиста формалност, затоа што веќе се одреднеи и преостанатите три земји кои заедно со Македонија по две години ќе ги пречекаат 24-те најдобри европски селекции на завршниот континентален турнир.

Покрај Македонија, во првата фаза на ЕП 2023, како домаќини на по една од четирите групи со по 6 репрезентации ќе бидат и Италија, Украина и Бугарија.

Македонија и Украина, практично, ќе бидат домаќини само во првата фаза на ЕП, односно на дуелите во две од четирите групи, додека втората фаза со двете новоформирани групи ќе се пресели во Бугарија и Италија.

Победниците од втората фаза, односно четирите најдобри селекции во двете групи ќе играат полуфинале во Софија, додека големото евро-финале ќе биде во Италија.

ПретходноТрет фајнл-фор за нашиот судија: Игор Митровски во центарот во Тел Авив
СледноМакедонија засекогаш во сцето на Мекејлеб