Трет фајнл-фор за нашиот судија: Игор Митровски во центарот во Тел Авив

254

Игор Митровски е еден од најуспешните македонски претставници кога станува збор за европската кошарка. Еден од нашите најдобри судии ќе ја дели правдата на финалниот турнир од ФИБА Еврокупот, кој од денеска до недела ќе се одржи во Тел Авив.

Митровски ќе биде дел од вкупно девет судии кои ќе ја делат правдата на овој турнир. За него ова ќе биде вкупно трет фајнл фор во ФИБА Европа. На завршницата место обезбедија: Аргед БМСЛАМ Стал (Полска), БЦ Парма (Русија), ЦСМ ЦСУ Орадеа (Романија), Ирони Несс Зиона (Израел).

Изминатите години беа исполенти за македонскиот арбитер, кој беше делегиран во квалификациите за ЕП, ја делеше правдата на мечевите на Шпанија. Митровски е првиот Македонец кој бил поставен како главен судијата на еден од меч во Лигата на шампиони. Ова е само дел од богатата кариера на нашиот судија.

ПретходноДраган Начевски останува претседател на судиската комисија во ЕХФ
СледноПознати се земјите кои со Македонија ќе бидат ко-организатори на ЕП 2023