Лестер Бо Мекејлеб останува како еден од најдобрите странци кои заиграле во дресот на Македонија. Американецот со македонски пасош беше дел од генерацијата која успеа да го освои четвртото место на ЕП 2011 година во Литванија.
Во годината која останува запишана со златни букви во историјата на овој спорт, кошарката беше сплотена, а националниот тим беше во сигурни раце, предводник на националниот тим беше Марин Докузовски. Сите работеа за доброто на овој спорт, легендарниот репрезентативец, Врбица Стефанов донесе име како Сандро Беркардино. Се беше совршено…
За овие денови на репрезентативната кошарка копнеат сите, од играчи до навивачи. Долго време нашите репрезентативци се борат да се вратат на европската карта. Последен пат на ЕП игравме во 2015 година.
Кога сме кај убавите денови, дефинитивно не може да ги заборави ниту Мекејлеб, тој на својот „Инстаграм“ профил сподели фотографии од деновите во Литванија.