Ненад Димитријевиќ и неговите прекрасни партии не само што станаа наше секојдневие, во Европа веќе на големо се зборува за квалитетот со кој располага македонскиот репрезентативец.
Нашиот најдобар кошаркар во овој момент вчера блескаше во дресот на Хувентуд, беше главна причина за триумфот над Тенерифе. До бројката од 23 поени дојде за 19. минути во игра, 21 поен постигна во второто полувреме.
Партија на Димитријевиќ изгледа неверојатно, коментаторите „збудалеа“. Уживајте во магијата на Нено, кој пресраснува во вистинско национално богатство.
🔥 Su mejor MARCA ANOTADORA en #LigaEndesa… ¡y en qué momento!
Así fueron los 2⃣3⃣ puntos de @Neno_D7, CLAVES en el triunfo de infarto de @Penya1930. pic.twitter.com/xu9vlwxUJX
— Liga Endesa (@ACBCOM) April 25, 2021