Оваа ЕХФ недела не им дава многу простор на нашите најдобри ракометари прво да се одморат, а потоа целосно да се насочат кон мечевите. Но, сите се професионалци, почнувајќи од Кирил Лазаров, кој истовремено е селектор, играч и капитен. Токму неговата посветеност треба да биде пример за сегашните и идните генерации.
Најважно е дека атмосферата е одлична, сите размислуваат само на едно – победа.
Финска и Швајцарија се последните два меча со кои Македонија ќе ги затвори и овие успешни квалификации за пласман на едно големо натпреварување, во случајот – ЕП 2022 година.