Промени во стручниот штаб на репрезентацијата: Бајиќ со странец – плус Јончевски!

121

Македонската кошаркарска репрезентација во иднина ќе биде во рацете на Драган Бајиќ. Тренерот на Игокеа пред една недела беше промовиран како нов селектор на нашиот национален тим. Тој за задача ќе има да ги мине претквалификациите за СП, а потоа го чекаат битки во квалификациите за истото натпреварување (секако доколку се пласираат) и на крај, најважно, од него се очекува да ја врати Македонија на Европските првенства.

Бајиќ на прес-конференцијата најави дека во стручниот штаб ќе донесе еден странец, а додека останатите тренери ќе бидат македонски.

СПОРТМЕДИА дознава дека десна рака на Бајиќ ќе биде Александар Јончевски, кој се враќа во стручниот штаб, претходно оваа функција ја извршуваше во времето на Јорданчо Давитков. Јончевски дојде во Гостивар на клупата на Марјан Србиновски. Некогашниот македонски селектор во овој момент е слободен, можеби КФСМ има планови да го вклучи и него во националниот тим.

Засега „виси“ местото на Ѓорѓи Кочов и Никола Василев, најверојатно со Бајиќ ќе продолжи Горан Самарџиев. 

Она што е сигурно е дека Турчинот Ерен Хангун нема да биде дел од репрезентација, оваа ин формација лично ја сподели на социјалните мрежи, им се заблагодари на Александар Тодоров и Перо Антиќ за соработката и дадената шанса.

Останува од КФСМ и официјално да се огласат по повод ова прашање.

Има Македонија тренери, има и такви кои го имаат остварено најдобриот резултат, имаме и млади и успешни стратези, само некој треба да им подаде рака. 

ПретходноДимитријевиќ ги „збудале“ коментаторите, ова е партија за паметење (ВИДЕО)
СледноПобедничка атмосфера која радува (ФОТОГАЛЕРИЈА)