Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски е во Скопје. Добри вест е што нашиот кошаркар добро се чувствува по операцијата на лигаментите на коленото. Тој одвои време да дојде во сала и да го проследи дуелот меѓу двата тима на МЗТ Скопје, и секако да му даде поддршка на својот брат, Дамјан.
Војдан го чека долга пауза, најмалку шест месеци се потребни за да се врати на терените, ова значи дека ќе ги прескокне дуелите во август во рамките на претквалификациите за СП.