Македонија е прв носител на утрешната ждрепка на ФИБА

32

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација е меѓу четирите прворангирани пред утрешната ждрепка од преквалификациите за Светскиот куп 2023 година. Македонија заедно со Црна Гора, Летонија и Шведска е во првата од четирите групи кои ќе играат во вториот круг од претквалификациите за пласман во квалификациите за СК 2023. Ждрепката ќе се изврши во Берлин со почеток од 16:00 часот.

Ова е олеснително за македонската селекција која ќе ги одбегне фаворитите за пласман во следниот круг.

Потенцијалните ривали на Македонија доаѓаат од втората група каде што се Романија, Данска, Австрија и Швајцарија и од третата група во која се Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.

Според правилникот првопласираните две селекции од секоја група ќе одат во наредната фаза.

ПретходноКапитенот гостин во „Јане Сандански“: Војдан е голем борец (ФОТО)
СледноВардар го избегна Веспрем, Војводина чекаше седум години за победа