Вардар 1961 не успеа да дојде до победа на гостувањето кај Војводина во последниот меч од групната фаза, беше совладан со убедливи 33-24. Домашниот тим максимално го искористи отсуството на голем број на ракометари во редовите на македонскиот тим, кои имаат обврски со нациналните тимови.
Ќе ги нема Марко Кизиќ, Гоце Георгиевски, Стојанче Стоилов, Филип Талески, Марко Мишевски, Анте Гаџа, Васко Шеваљевиќ, Иван Чупиќ и Патрик Валчак. Поради повреди за Нови Сада не отпатуваа ниту Борко Ристовски и Димитар Димитриоски.
Со овој пораз, Вардар 1961 ќе игра два меча до пласманот на Ф4. Го избегна Веспрем, па најверојатно ќе се сретне со Металопластика, а потоа со ППД Загреб.
Вардар водеше до средината на првото полувреме (7-8), по што гостите некоја минута подоцна со серија од 8-1 на полувремето заминаа со позитива од 6 гола (16-10). Во составот на македонскиот тим функционираа само Дибиров и Калараш, останатите беа под нивото, на крајот Војводина дојде до убедлив триумф.
Дибиров на крајот запиша девет гола од 15 обиди, додека Калараш имаше седум од седум.
Ова е само втора победа на гостите во пресметките со Вардар, последен пат тоа го сторија пред седум години.