Бајиќ за ждрепката: Имаме респект кон противниците, но нема да стравуваме

46

Селекторот Бајиќ е запознат со имињата на селекциите со кои Македонија ќе води битка за едно од двете места од групата „Ф“, кои водат во следниот круг од натпреварувањето.

Она што можам да го кажам дека селекцијата на Швајцарија заслужува максимален респект за она што го направи во оние последни квалификации за ЕП. Не е мала работа да се победи една велесила како Србија, макар и во еден комбиниран состав. Тоа треба да ни биде одредница како да се поставиме во августовските натпревари.

Словачка го има Кајл Кјурик, еден од носителите на играта на Барселона. Да не заборавиме на Бродзијански, еден исто така одличен играч кој игра заедно со Нено Димитријевиќ во шпанскиот Хувентуд. Но сепак, тоа се само некои првични информации. Имаме време за целосни анализи на ривалите.

Знам едно нешто. А, тоа е, кога веќе сме влегле во една ваква работа, не треба да се плашиме од никој. Реков, респект за секого, но ние мора да изградиме едно високо ниво на самодоверба. Само така можеме да ги минуваме пречките кои стојат на нашиот пат. Почнувајќи уште од првиот собир, таму некаде во текот на летото. Само да бидеме живи и здрави, се ќе биде како што треба“ – гласи пораката на новиот селектор на нашиот сениорски национален тим.

ПретходноИ кога не блескаат победуваат: Ракометарите со цел плен од Финска
СледноБојан Крстевски: Oчекувам прво место во групата