Кошаркарите ги добија противниците за претквалификациите за СП

26

Македонската кошаркарска репрезентација ги доби противниците за претквалификациите за место на Светското првенство 2023 година. Селекторот Драган Бајиќ и неговите избраници се најдоа во групата Ф, за противници ќе ги имаат Швајцарија и Словачка.

Ова се двете репрезентации против кои играа пред четири години.

Првопласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат место во квалификациите. Македонија претквалификациите ќе ги игра во периодот од 11 до 28 август под водство на новиот селектор, Драган Бајиќ.

ПретходноМатијашевиќ го објави списокот за Сребрената лига
СледноИ кога не блескаат победуваат: Ракометарите со цел плен од Финска