Дибиров по поразот: Имаме многу работи да поправиме

121

Вардар 1961 без половина тим не успеа да го мине гостувањето кај Војводина, на последниот дуел од групната фаза беше совладан со 33-24. Со овој трет пораз, македонскиот тим го избегна Веспрем во четвртфиналето за место на Ф4 во СЕХА-лига.

Тимур Дибиров и Глеб Калараш беа единствената позитивна слика во Нови Сад, двајцата се обидуваа да го надополнат отсуството на соиграчите, постигнаа 16 поени, повеќе од половината, но тоа не беше доволно.

„Честитки за Војводина. Секогаш се чувствувам убаво кога играм тука и ова беше заслужена победа за домаќините. Имаме многу работи да поправиме за да бидеме подобри на следната средба“, изјави Дибиров по мечот.

ПретходноДеспотовски се враќа од Естонија со сребро од естонската и балтичката лига
СледноБерлин ќе го одреди сложениот пат на кошаркарите кон СП 2023