Селекторот на македонската репрезентација, Драган Бајиќ е прогласен за најдобар тренер во АБА лигата за тековната сезона.
Вака одлучија новинарите, фановите кои го следат регионалното натпреварување. Бајиќ доби 63% од вкупниот број на гласови, го „победи“ колегата од Цедевита Олимпија, Јурица Големац (10.8%), како и Владимир Јовановиќ, предводникот на Мега, кој доби 7.7% од вкупниот број на гласови.
Тој има одлична сезона со Игокеа, ја одведе во плеј-офот, ќе се борат за шампионската титула во АБА, но и за место во следното издание на Евролигата.