Димитар Караџовски се врати во Работнички. Искусниот плејмејкер дојде од редовите на Кожув, тој веќе тренира со тимот од “Градски парк”, но нема право на настап во овој дел од првенството.
Тренерот Димитар Мираковски на располагање ќе го има во плеј-офот, со Караџовски, Работнички ќе го добие потребното искуство и стабилност во играта.