Денеска во Берлин со ждрепка беа одредени групите за престојното големо европско кошаркарско натпреварување – Евробаскетот, кој поради пандемијата наместо оваа, ќе се игра во 2022 година.
Дирк Новицки, Роберто Брунамонти и Виктор Саникидзе, кои беа специјални гости на собирот во Берлин, го одредија распоредот на групите.
Меѓу поактрактивните ќе биде групата „Б“ во која се селекциите на Словенија и на БиХ, заедно со прворангираните Франција и Литванија.
Селекцијата на Хрватска е во групата „Ц“, каде фаворизирани се селекциите на Грција и на Хрватска. Се чини дека најдобра ждрепка доби Србија, која е дел од групата „Д“ во која се уште и еден до четирите домаќини, репрезентацијата на Чешка, потоа Полска, Израел, Финска и Холандија.
Европскиот шампионат ќе биде реализиран во периодот од 1 до 18 септември, 2022 година. Првата, групна фаза ќе се игра во четири различни градови-држави, Италија (Милано), Грузија (Тбилиси), Чешка (Прага) и Германија (Келн).
The field for #EuroBasket 2022 is all set! ✔️
📆 September 1-18, 2022#BringTheNoise and let’s hear it for your country!
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) April 29, 2021