Хамилтон бесен по првиот тренинг во Португалија: Ова е болид кој не може да се вози

88

Денеска стартуваше Формула 1 викендот во Португалија, со првиот официјален тренинг. На него прв на целта, со најдобро време мина финецот, Валтери Ботас кој беше побрз за 0.025 делови од секундата од Макс Верстапен. Луис Хамилтон, стандардно најголемиот фаворит на секоја трка заврши дури петти, со големи проблеми околу болидот.

„Морам да се вратам во бокс, и да промениме нешто. Во моментов овој болид е невозможно да се вози“ – рече Хамилтон кон својот бокс, за време на тренингот.

Верстапен пак, имаше поплали за самата патека.

„Ова е смешно. Воопшто не гледам каде возам од големите вибрации“ – на што од боксот го прашаа дали се работи за самиот болид, и дали тој е несигурен, на што возачот одговори.
„Ма не, туку ќе морам да одам на забар в понеделник“ – мислејќи на нерамната патека.

ПретходноКире порача: Сакаме да одиграме за своја душа, да победиме на Велигден (ФОТО)
СледноЗенит ја „среди“ Барса и закажа „мајсторка“ за полуфинале