Кире порача: Сакаме да одиграме за своја душа, да победиме на Велигден (ФОТО)

60

Мотив кога за носи националниот дрес секогаш има. Не е важно дали мисијата во еден циклус е исполнета, амбициите кај ракометарите никогаш не се менуваат. Амтосферата е одлична, најави селекторот, Кирил Лазаров, па истата мора да се искористи максимално за последниот квалификациски меч против Швајцарија за ЕП 2022 година.

Кире и момците сакаат да одиграат за своја душа, да дојдат до голема победа на најголемиот христијански празник Велгиден.

„Мислам дека атмосферата е одлична прекрасна, на сите ќе им значи доколку победиме. Им напоменав на момците дека Швајцарија е екстра квалитетна репрезентација, на последното СП им направи големи проблеми на сите селекции. Не е истата репрезентација која што ја победивме во октомври пред СП, имаат многу промени, во составот, тактички и стратегии.

Тешко е да се подготвиш за еден противник како што е Швајцарија, но ние имаме доволно време, исто еден голем предизвик за нас како стручен штаб е да се подготвуваме за репрезентации како што е токму оваа. Останува уште ден и пол, максимално ќе се подготвивме. Ќе пробаме да одиграме квалитетен меч за душа, за Велигден, победничките да го завршиме овој циклус“, рече нашиот најдобар ракометар.

ПретходноМитревски: Нема ништо послатко од победа во репрезентативниот дрес
СледноХамилтон бесен по првиот тренинг во Португалија: Ова е болид кој не може да се вози