Кошаркарите на Монако се новите освојувачи на Еврокупот. И на вториот натпревар од финалето, Монако го совладаа Уникс во Казан со 86:83 и за првпат во историјата дојде до трофејот од второто по ранг европско кошаркарско натпреварување.
.@ASMonaco_Basket ARE YOUR 2020/21 #7DAYSEuroCup CHAMPIONS!!! 🏆#RoadToGreatness pic.twitter.com/Ro3VZNxz1F
— 7DAYS EuroCup (@EuroCup) April 30, 2021
Натпреварот во Казан беше изедначен од првата до последната минута, што се потврдува со фактот дека ниту една од екипите немаше повеќе од шест поени предност. Иако рускиот тим имаше поддршка од нешто повеќе од 5000 навивачи, Монако на крајот излезе како победник.
Греј, кој беше прогласен за МВП, беше најефикасен со 25 поени, О’Брајан додаде 16, а Де Бост и Најт имаа по 14. Кај Уникс Браун постигна 16 поени.
И двата тима со самиот пласман во финалето обезбедија учество во Евролигата за следната сезона.