Старт со два порази на „Мајскиот турнир“ во Белград

28

Во подготвителниот период за настап на Европското првенство во 2022, македонските одбојкарки до 19 години во Србија учествуваат на 56.издание на традиционалниот Мајски турнир – трофеј на Белград. Во салата „Жарково“, избраничките на селекторот Ненад Михајловиќ ги загубија двата групни натпревара со Ваљево и со Белград 2 со по 2:0, а тоа значи дека утре и задутре ќе играат за пласман од 13-18 место.

„Двата меча беа одлична контрола за нас, исто како и оние претходно со пионерската репрезентација на Србија. Евидентно е дека ќе мора да работиме уште посилно затоа што треба да се напредуваме во сите сегменти. Противниците беа подобри од нас, физички доминираа, а ние имавме и психолошка бариера, така што не можевме да оствариме подобари резултати“, вели координаторката за женска одбојка кај нас Емилија Терзиевска.

По натпреварите викендов, македонскиот национален состав за одбојкарки до 19 години ќе се врати во Обреновац и ќе одржи уште неколку тренизни за заокружување на оваа подготвителна сесија.

ПретходноМонако за првпат во историјата го освои Еврокупот
СледноЧаневски ја има најдобрата одбрана за месец април (ВИДЕО)