Милојевиќ доби специјално признание од БИБЛ

25

Завршницата на сезоната во Балканската лига официјално го означи крајот на судиската кариера на еден од најуспешните македонски судии во историјата, Александар Милојевиќ. Тој го го судеше финалето од БИБЛ лигата меѓу Хапоел Холон и Академик Бултекс на кој триумфираше израелскиот тим со 91-75 и ја освои титулата.

По мечот, Милојевиќ доби специјално признание од директорот на лигата,  Шај Штрикс.

„Менаџментот на БИБЛ лигата сака да му честита на Александар Милојевиќ за неговата успешна кариера и за тоа што беше дел од нашето натпреварување од 2008 година. Вечерашното финале беше последно во неговата кариера и последен меч за него како судија. БИБЛ, Хапоел Холон и Академик му посакуваат се најубаво во иднина во неговите активности и во светот на кошарката“, стои на официјалната страница на БИБЛ.

ПретходноКараџовски го чека плеј-офот, Работнички ќе биде уште посилен
СледноМакедонија под лупата на Мурињо?