Македонија веќе го завери местото на ЕП 2022 година, дуелот со Швајцарија во недела за нашата репрезентација не менува ништо, но тоа пак не значи дека амбициите се поинакви. Напротив ракометарите на големо се подготуваат за оваа средба, сакаат победнички да ги завршат квалификациите.
„Со оглед на тоа дека успешно ги завршивме овие квалификации и имаме пласман на ЕП, единаесетто големо натпреварување по ред за Македонија, ни останува уште последниот меч кој за нас нема резултатски значење, ама нема ништо послатко од победа во репрезентативниот дрес. Сите сакаме да победиме и се подготвуваме за тоа, добиваме доста податоци од стручниот штаб што и како треба и мислам дека ќе бидеме доволно подготвени да прикажеме добра и солидна игра, за да го крунисаме циклусот со победа“, вели Никола Митревски.
Швајцарија е поинаков против од Финска, затоа промашувањата на претходниот меч не треба да се повторат, предупредува искусниот репрезентативен голман.
„Швајцарија покажа и на СП дека доста напредува, имаа доста добри натпревари, сега исто така и со Данска. Не се светска велесила, но имаат искусни играчи кои знаат што прават и што сакаат во напад. За да одговориме на нападот на Швајцарија ќе мора многу ангажираност за да се застанат нивните напади. Имаме уште ден-два да ги завршиме тие договори и таткички замисли на стручниот штаб, како треба да изгледа нашата одбрана. Се надеваме дека во дуелот со Швајцарија тие промашувања со Финска ќе ги поправиме и ќе ги погодиме и ќе бидеме поефикасни во завршницата“.