Тој проклет 1 мај: 27 години без ВЕЛИКАНОТ, без Аиртон Сена!

112

И овој 1 мај за вистинските спортски фанови, за оние кои се вљубеници во Формула 1 ќе биде тажен. Ќе се обидат да ги скријат солзите зошто еве денеска се навршуваат 27 години од смртта на ВЕЛИКАНОТ, на ГИГАНТОТ, на НАЈГЛЕМИОТ возач во Ф1 Аиртон Сена.

Никогаш, ама баш никогаш не го прежаливме Бразилецот, виртуозот на патеките. Тој беше проектиран да биде рекордерот поради својот талент, поради се она што се случуваше до тој 1 мај 1994 и патеката во Имола. Но неговото прерано заминување ја однесе историјата на овој спорт во некоја друга насока. Сега некои други се рекордери.

Тој од горе го посака најдобриот кај себе, и така и се случи.

Еве и по 27 години, на секој 1 мај фановите се потсетуваат на Аиртон, на Тамбурело, на Имола, на моментите на ужасот.

Многу пати кажано, исти “приказни“ по 27 пат, се е исто, само него го нема.

ГИГАНТОТ…

АИРТОН СЕНА (21 март 1960 – 1 мај 1994)

ПретходноЧаневски ја има најдобрата одбрана за месец април (ВИДЕО)
СледноБотас ќе стартува прв во Португалија