Швајцарија во Скопје дојде со голема самодоверба. Од таборот на оваа репрезентација прочитавме изјави од типот дека Македонија не е посебен тим и дека може да се победи. Но, се чини Енди Шмид заедно со соиграчите заборавија на еден важен момент дека во овие квалификации во Скопје падна Данска, и дека македонскиот инает е голем, а квалитетот е неспорен.
На крајот Швајцарија остана со празни раце, ракометарите на оваа репрезентација останаа на теренот попраени, во неверување и со една лекција плус, никогаш не потценувај никого, поготово „четата“ на Лазаров.