Лазаров им се пушти на Швајцарците: Што сакаш бе ти? (ВИДЕО)

295

Македонската ракометна репрезентација ги одигра најдобрите квалификации за пласман на едно Европско првенство. На домашен терен нашите момци ја совладаа Швајцарија со 29-28 и освоија десет бода исто колку и светскиот првак Данска.

По дуелот предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров не заборави да испрати порака до Швајцарија, која не потцени, а заборави дека токму Македонија ја совлада Данска во најсилен состав. Последните секунди од мечот беа болни за противникот, надежта за победа веќе ја немаше, а по голот на гостите за 29-28, Лазаров повика тајм-аут што предизвик ревлост на другата страна.

Кире им го покажа местото и бурно изреагира, како никогаш до сега: Што сакаш, што сакаш бе ти? Беа зборовите на Лазаров, а потоа следеше договорот со ракометарите.

ПретходноЛазаров: Малку не испровоцираа нивните изјави, па драго ми е што ги победивме
СледноРФМ за овие квалификации ги награди ракометарите со премија од 50.000 евра