Лазаров: Малку не испровоцираа нивните изјави, па драго ми е што ги победивме

94

По последниот успех над Швајцарија и потврдениот пласман на европското првенство, селекторот и капитен на нашиот национален ракометен состав, Кире Лазаров, направи свој осврт на дуелот и настапот во квалификациите.

„Да им се заблагодарам на моите играчи за сето она што го направија во овие четири натпревари. Успеавме да направиме три победи од четири натпревари пртотив реномиртани репрезентации. Во денешно време не е лесно да се победи ни една Финска. Денеска одигравме многу квалитетно и покрај сите сомнежи дека нема да го добиеме овој меч. Останавме чесни пред нас, пред Бога, пред нашите фамилии, момците покажаа карактер. Одигравме ммногу квалитетен меч, направивме два-три чекора напред во овој период од два-три месеци. Зневме што правиме во секој момент и тоа ми е драго. Денеска малку и не испровоцираа изјавите на Швајцарците пред мечот, дека биле блиску со Данска, а заборавија дека ние ја победивме Данска. Треба малку повеќе да не респектираат“, вели Лазаров.

За младите и нивното место во репрезентацијата Кире вели:

„Јас сум презадоволен како работиме на тренинзите. Дури и им реков на моите соработници дека на тренинзите тоа изгледа перфектно. Добро е што имаме самодоверба, па сега имаме доста време да размислуваме и во следните месеци да најдеме добри противници за пријателски средби, да им дадеме повеќе шанса на младите и да добиеме додадена вредност во нив. Досега имаме неколку играчи, но мислам дека треба уште 3-4 играчи да добиеме до европското првенство.“

ПретходноМиркуловски: Има уште место за напредок
СледноЛазаров им се пушти на Швајцарците: Што сакаш бе ти? (ВИДЕО)