Филип Миркуловски, искусниот репрезентативец по мечот и победата над Швајцарија, истакна задоволство што Македонија има исто бодови со Данска во групата.
„Иако мечот не беше значаен за нас, но за прв пат имаме 10 бода во квалификциите, исто бодови со Данска, сакавме тоа да го постигнеме, и го постигнавме. Ние со една убава игра, со релаксирана, победивме, сепак ако ни требаа бодовите, сигурно ќе бевме и подобри.
Има многу место за напредок, влеговме во еден систем, сите играчи разбираат и сфаќаат како треба да играме. Можеби треба да ја убрзаме нашата игра, има доста време до тоа ЕП да се подготвиме и да оствариме добар пласман. Добро оди сега засега, добар е овој концепт на Кире како селектор и како играч, поинаку е кога треба да влезеш на теренот да ги оствариш тие идеи кои ги имаш“, вели Миркуловски.
За иднината Миркуловски рече дека е комплицирано, и натаму размислува, но и дека многу работи ќе зависат од клубот.
„Комплицирано прашање. Не е до мене, повеќе до клубот, тие прават ситни проблеми за доаѓање со репрезентација. Јас им реков дека ќе бидат присутен, за понатаму ќе видиме, треба да седнам да разговарам, дали идната сезона ќе бидам играч-тренер или само тренер. Ќе биде тешко за мене, но ќе видиме што ќе се случи“, рече Миркуловски.