Нема откажување: Кире Лазаров и следната сезона ќе игра во Нант!

43

Кире Лазаров нема да стави крај на кариерата на крајот на сезоната, туку тоа ќе го стори можеби на крајот од идната. Односно тоа значи дека ќе игра и следната сезона. Тој го потврди ова вечерва по мечот со Швајцарија.

„Официјално клубот ќе си објави, но се договоривме и јас уште една година ќе бидам на терените, можеби со помала минутажа. Не беше таков планот , но се смени на ковид ситуацијата, да се простам пред празни трибини е малку чудно и не сакав така после една ваква кариера. Но не инсистирав само јас, туку и клубот така размислува, така да ќе бидам на терените уште една сезона“, рече Лазаров.

ПретходноЧестит Велигден од Лазаров и ракометарите: Швајцарија падна во Скопје за историја!
СледноМиркуловски: Има уште место за напредок