Велат кога зад себе имаш силна федерација, успесите доаѓаат полесно. Ракометната Федерација на Македонија секогаш цврсто стои зад ракометарите, никогаш не се штеди, перфкетните услови се главен приоритет.
И не само тоа, успесите секогаш се наградувани. За овој квалификациски циклус, македонската репрезентација доби вкупна премија од 50.000 евра. Ракометарите добија 20.000 евра за триумфот над Данска, сега ќе добијат дополнителни 30.000 евра за освоеното второ место во групата.
Македонија овие квалификации ги заврши со историски успех, пет победи и еден пораз, односно 10 освоени бодови.