Кире Лазаров нема да стави крај на кариерата на крајот на сезоната, туку тоа ќе го стори можеби на крајот од идната. Односно тоа значи дека ќе игра и следната сезона. Тој го потврди ова вечерва по мечот со Швајцарија.
„Официјално клубот ќе си објави, но се договоривме и јас уште една година ќе бидам на терените, можеби со помала минутажа. Не беше таков планот , но се смени на ковид ситуацијата, да се простам пред празни трибини е малку чудно и не сакав така после една ваква кариера. Но не инсистирав само јас, туку и клубот така размислува, така да ќе бидам на терените уште една сезона“, рече Лазаров.