Од Шпанија доаѓаат одлични вести. Повредата со која Ненад Димитријевиќ се здоби на дуелот против Уникаха не е сериозна, покажаа деталните прегледи. Со македонскиот репрезентативец се е во најдобар ред, станува збор за удар во коленото.
Димитријевиќ на дуелот против Уникаха во минатото коло одигра фантастично, постигна 27 поени, 17 од нив во последната четвртина. Репрезентативецот го врати својот тим од двоцифрена негатива, но по продолжението тимот од Бадалона беше поразен. Во дополнителните пет минути не играше токму Димитријевиќ поради удар во коленото беше повлечен.
Погледнете ја уште еднаш партијата на Димитријевиќ.