Швајцарците признаа: Македонија е силна селекција, секогаш е тешко против нив

65

Швајцарците со голем оптимизам допатуваа во Скопје на дуел со македонската репрезентација, но загубија со 29-28 и останаа без пласман на ЕП. Селекторот Михаел Сутер по мечот изјави дека против Македонија секогаш е тешко.

Ракометот е врвен спорт, можеш да се искачиш највисоко, но некогаш бележиш и најголеми падови. Два пати загубивме со по еден гол разлика и покрај нашата борбеност и добра игра. Дадовме се од себе. Македонија е ривал против кој секогаш е тешко да се игра во гости. Многу други репрезентации го почувствувале тоа. Во вториот дел одбраната беше солидна, но погрешнивме во неколку клучни напади. Натпреварот можеше да го добие било кој од двете селекции, нас ни недостасуваше еден гол и мораме да го прифатиме тоа. Одигравме солидно во квалификациите и добри мечеви против Македонија и против Данска“, изјави Сутер.

ПретходноЗверев до Пике: Не може туку така да смениш 130 години тениска историја
СледноЛазаров ги откри плановите до стартот на ЕП: Мора да бидеме трпеливи, верувајте не е лесно кога седите на клупа!