Алушовски: По завршување на сезоната нема да бидам тренер на Вардар

135

Стевче Алушовски по завршување на оваа сезона повеќе нема да ја извршува тренерската функција во тимот на Вардар 1961. Предводникот на „црвено-црните“ има шанси да остане во клубот, но истовремено размислува и за други опции.

„Точно е, по завршување на сезоната повеќе нема да бидам тренер на Вардар“, потврди за СПОРТМЕДИА Алушовски, кој додаде: „Засега нема ништо дефинирано, сакам добро да размислам. Во секој случај сум благодарен за оваа шанса што ја добив, за мене е големо искуство. Останува до крајот да го исполниме зацртаното“.

Алушовски во Вардар дојде на крајот на декември 2019 година на местото на Едуард Кокшаров, кој привремено ја извршуваше тренерската задача по заминувањето на Писонеро. Поради пандемијата коронавирус, Лигата на шампионите доби поинаков тек, а оваа сезона во истото натпреварување стигна до осминафиналето каде беше сопрен од Веспрем.

Пред да се раздели со Вардар 1961, Алушовски има две важни битки, двојната титулата во домашниот шампионат.

За нов тренер на „црвено-црните“ се споменува Веселин Вујовиќ, но засега нема потврда од првиот човек на клубот.

ПретходноОдбојкарите се собраа во Струмица, почна мисијата: „Сребрена лига 2021“
СледноНема простор за паника: Повредата на Димитρијевиќ не е сериозна! (ВИДЕО)