Вајли ја однесе Сарагоса во полуфинале на ФИБА ЛШ

47

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Џејкоб Вајли и неговата екипа Сарагоса ќе играат во полуфиналето на ФИБА Лигата на Шампионите.

Во првиот четвртфинален натпревар од Ф8 турнирот кој се одржува во рускиот Нижњи Новгород, шпанскиот претставник славеше со 86:78, токму против организаторот на овој собир.

Џејкоб Вајли, заедно со Дилан Енис и Елиас Херис беа творците на големата победа. Македонскиот репрезентативец одигра 26 минути во кои реализираше 15 поени, со 70% на реализација во шутот од поле (7/10 за два и 1/2 за еден поен).

ПретходноТалески во Вардар и следната сезона
СледноДве трки од Формула 1 пред откажување сезонава