Евролига го потврди распоредот за Ф4 турнирот во Келн

40

На кошаркрскиот „Ф4“ турнир во Келн се очекува жестока битка за европската круна. Барселона, Ефес и ЦСКА многумина ги видоа на завршниот турнир и многу порано од плеј-оф пресметките, додека екипата на Олимпија Милано е едно од најпријатните изненадувања на завршниот турнир.

Евролигата денеска излезе со потврда на комплетниот распоред на натпреварите на завршниот турнир кој ќе се одржи од 28 до 30 мај.

Полуфиналните дуели на 28 мај ќе се одиграат во термините од 18 и 21 часот. Во првиот термин ќе играат ЦСКА – Анадолу Ефес, додека во вечерниот ќе ја имме пресметката меѓу Барселона и Олимпија Милано.

Мечот за третото место два дена подоцна на 30 мај ќе се игра од 17.30 часот, а финалето е закажано од 20.30 часот.

ПретходноОдбојкарите ќе имаат две контроли против европскиот шампион
СледноХрватска до врв ја наполна нашата мрежа