Во заостанатиот натпревар Гостивар го совлада ТФТ во битката за петтото место, и тоа дури после продолженијата.
На крајот Гостиварци триумфираа со 115:109.
И покрај тоа што гостите одлично отворија и имаа супер прво полувреме (46:53), сепак, во вториот дел Гостивар ја анулираше предноста, и мечот заврши во „егал“ (92:92).
Во продолженијата гостиварци се покажаа како далеку поискусни. Посмирени, и пред се, поефикасни. Неверојатни беа оние (23:17) во „половина четвртина“ која се покажа како решавачка.
Па по 22.одграни кола, Гостивар стигна до ефект (13-9), доволен (засега) за петтото место на табелата. А по овој нов пораз, ТФТ се „лизна“, едно подолу во исчекување на исходот на средбата Куманово 2009 – Вардар која ќе го донесе расплетот, односно поделбата од 5 до 7. позиција на табелата.