Францускиот возач Роман Грожан ќе го тестира следниот месец болидот на седумкратниот шампион Луис Хамилтон, соопшти екипата на Мерцедес.
Грожан тестирањето ќе го одработи на стазата „Пол Рикар“ во Франција викендов 25-27 јуни.
Поранешниот возач на Хас тоа ќе биде прво појавување во Ф1 после тешката несреќа од ноември минатата година на ФН Бахраин.