Златко Хорват останува во Металург и во следните две години

68

Металург го гради тимот и за новата сезона. Во Автокоманда останува столбот на клубот, Златко Хорват. Хрватската сензација и репрезентативец, и челниците на клубот ја продолжија соработката на уште две нови години.

Хорват беше број еден трансфер во минатиот преоден рок, одлучи да се пресели во Скопје поточно во дресот на Металург, откако целата своја кариера ја мина во ППД Загреб.

„Златко Хорват е мој избор со кој посебно се гордеам, како играч, како личност, како другар, одличен за играчки табор, посветен како пример за останатите играчи. Кога пред година дена одлучив да се обидам да го донесам во Металург, знаев дека носам бренд и едно од најдобрите десни крила. Сега, на крај на сезона, продолжувам договор на 2 години со столб на екипата, поддршка во секој поглед“, изјави за СПОРТМЕДИА претседателката на Металург, Зорица Блажевска.

ПретходноЛазаров: Одиме по потешкиот пат, но нема изговори, се зависи од нас!
СледноМарковски останува на клупата на Металург, потпиша тригодишен договор