Лазаров: Одиме по потешкиот пат, но нема изговори, се зависи од нас!

81

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за седмото континентално натпреварување, кое следната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Нашите момци добија тешка група, ќе играат против Словенија, Данска и Црна Гора.

Веднаш по ждрепката, предводникот на нашиот најдобар национален тим и најдобриот ракометар, Кирил Лазаров, ја коментираше групата.

„Одиме по потешкиот пат. Нема изговори. Зависиме од нас и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари. Противниците се тие што се, нема многу да се оптоваруваме со нив. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме секој натпревар на победа.

Ми се допадна денеска една изјава на еден наш репрезентативец, еден од лидерите во тимот, Никола Митревски: Ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал. Веќе од утре почнуваме со подготовки за Европското првенство“, изјави за СПОРТМЕДИА, Кирил Лазаров.

ПретходноПознат е распоредот: Македонија отвара против Словенија, завршува со Данска
СледноЗлатко Хорват останува во Металург и во следните две години