Марковски останува на клупата на Металург, потпиша тригодишен договор

59

По Златко Хорват, раководството на Металург одлучи да го „зацементира“ и договорот на Иван Марковски. Тој во Автокоманда останува во следните три години, ја доби поддршката, како што изјави претседателката на клубот, Зорица Блажевска успеал да го препороди тимот за краток период.

„Мојата поддршка во следните 3 години како предводник на стручниот штаб ја добива Иван Марковски, заради енергијата, посветеноста, умешноста да се биде најхрабар кога е најтешко. Одлично е прифатен од екипата, која ја препороди за овој краток период и се надевам дека најдоброто допрва доаѓа“, ни изјави Зорица Блажевска.

Марковски дојде на местото на местото на Димитриоски.

ПретходноЗлатко Хорват останува во Металург и во следните две години
СледноМакедонските фанови од утре можат да купат билети за ЕП 2022