Како што се наближува стартот на ЕУРО 2020, така од ден на ден се зголемуваат проблемите, односно се зголемуваат компликациите за ншите фанови кои ќе решат да патуваат во Бкурешт. Да потсетиме дека Македонија на ЕП на 13 јуни (со Австрија) и на 17 јуни (со Украина) ги игра првите две средби од шампионатот во Букурешт. Па така секоја информација од таму ја дочекуваме со силен интерес.
Но вестите не се баш најдобри. Имено ако досега се знаеше дека во Романија ќе може да се влезе со ПЦР тест и да се остане два дена, сега новите информации велат дека најверојатно на стадионот во Букурешт, каде што ќе игра нашата репрезентација, но и во Романија воопшто, ќе може да се влезе само со Ковид-19 пасош, односно со потврда дека си вакциниран.
Ова го најави премиерот на Романија, Флорин Читу.