Пелистер го потврди врвот, Работнички падна во Битола

44

Пелистер, плеј-офот ќе го пречека како лидер по завршување на регуларниот дел од сезоната во Првата лига. Битолчани по вторпат оваа сезона го совладаа Работнички, овој пат во меч од 21. коло, со крајни и убедливи 94-77.

Домаќинот доминираше во текот на целиот меч, брзо го урна отпорот на противникот и без проблем се зацврсти на врвот со 39 поени или 17 победи и пет порази. Работнички овој дел од сезоната го завршува со 15 победи и седум порази.

По водството на гостите 4-8 и 8-10, кошаркарите на Пелистер со серија од 13-2 поведоа со 21-12, а за кратко време дојдоа до двоцифрени (24-14). По првата четвртина беше 31-20. Битолчани продолжија во ист ритам стигнаа на плус 18 (48-30).

Не се промени ништо во играта ниту по одморот (54-39), Пелистер поведе и со плус (60-39). До крајот немаше дилеми, бодовите сосема заслужено останаа во Битола.

Малешевиќ со 21 поен и Кесар со 16 поени беа први стрелци кај Пелистер, на другата страна 21 поен запиша Тортон.

ПретходноМакедонските фанови од утре можат да купат билети за ЕП 2022
СледноГостивар го совлада ТФТ и се проби на позиција број пет