Дербито на некогашните македонски селектори во Романија му припадна на тренерот со поголем стаж. Александар Тодоров и неговата Крајова ја запишаа 17. победа, откако го совлада Јорданчо Давитков и Таргу Џиу со убедливи 108-65.
Добрата игра во втората и третата четвртина беше доволна за триумф, тимот на Давитков беше неможен.
Крајова е на третото место на табелата со скор од 17 победи и пет порази, додека пак Таргу Џиу е на 12. позиција, има само шест победи и 19 порази.