Куманово го реши Вардар во една четвртина

34

Куманово по триумфот над МЗТ Скопје на гостински терен, запиша уште една победа, во последниот меч од регуларниот дел од сезоната во Првата лига го совлада Вардар со убедливи 112-78.

Домашните кошаркари противникот го реши во последната четвртина, одиграа моќно, ја добија со 37-9.

До овој момент дуелот беше изедначен, „црвено-црните“ на полувремето дури имаа водство од 45-52. Куманово го дигнаа нивото во следниот период, а потоа во последните десет минути беа незапирливи.

Џекиќ со дабл-дабл од 29 поени и 11 скока беше прво име, зад него беа Робев и Ливингстон со по 19 поени. На другата страна Дикенбе постигна 26 поени.

Со оваа победа Куманово заврши на петото место на табелата, додека Вардар на претпоследното.

ПретходноПивара Скопје и фудбалската репрезентација станаа партнери: Заедно, и се е можно!
СледноГолман од Кувајт тренира со Вардар (ФОТО)