Алонсо: Не сте свесни колку Хамилтон е добар возач

54

Големиот формула 1 ас, Фернандо Алонсо во големо интервју на Шпанска Марка, објасни зошто Луис Хамилтон во моментов е така доминантен возач и зошто едноставно никој не може да му се приближи во освојувањето на титулите.

Овие двајца беа колеги далечната сега веќе 2007 година во Мекларен кога освоија по идентичен број на бодови, 109, но титулата замина кај Кими Раиконен. Подоцна Хамилтон замина во Мерцедес со кого има освоено седум титули.

„Ми се чини сека се најде во најдобро време на најдобро место, што се однесува до силата на тимот, на болидот, и до возачките способности. Може да се каже дека има среќа во клучните моменти, но морате и реално да ја согледате неговата кариера. Го има најдобриот болид? Да.

Но и во најдобриот болид, морате да бидете најдобар и тоа на секоја трка, а тој тоаго прави веќе со години. И по дожд и по сонце, во сите можни услови. Дури и сега кога Ред Бул е многу блиску до него. Тоа можете да го правите само ако сте на највисоко можно ниво, и мислам дека луѓето не се свесни колку всушност Луис Хамилтн е добар возач и не го ценат доволно“ – изјави Алонсо.

ПретходноВрањеш: Македонија ја победи Данска, затоа не треба да се потцени!
СледноПивара Скопје и фудбалската репрезентација станаа партнери: Заедно, и се е можно!