Врањеш: Македонија ја победи Данска, затоа не треба да се потцени!

48

Ден по ждрепката за Европското првенство 2022 година и натаму се сумираат впечатоците. По воведување на новиот систем, кој почна на континенталното натпреварување во 2020 година, земјите учеснички се ставени во тесно. Само две репрезентации од секоја група од одат во следната фаза, па затоа нема простор ниту за кикс, а уште помалку за потценување на противникот.

Македонија ќе игра во групата А во Дебрецин, отвара против Словенија, селекција со која игравме во групната фаза на ЕП во 2018 година. Тогаш под водство на Раул Гонзалез покажавме дека можеме да играме против фаворити, нешто што потврдивме и во квалифкациите за ЕП 2022 година, Данска на домашен терен ја совладавме во првиот меч по освојувањето на СП.

Токму поради овој факт претпазлив е предводникот на Словенија, Љубомир Врањеш:

„Ждрепката ни ја донесе една од најдобрите репрезентации во светот, Данска. Јас ова го гледам како предност, ќе видиме на кое ниво ќе треба да бидеме. Неодамна Македонија ги совлада Данците, што значи дека не се лош тим, не се потценување. Не треба да се отпише ниту Црна Гора. Секој натпревар ќе биде тежок. Мислам дека добивме добра група“, изјави Врањеш.

ПретходноЈакобсен: Среќен сум што ја одбегнавме Франција, не сум среќен за Црна Гора
СледноАлонсо: Не сте свесни колку Хамилтон е добар возач