Али Сафар, голман од Кувајт, е на тренинзи со „црвено-црните“. Станува збор за проба во македонскиот шампион, а доколку ги задоволи вкусовите, би можел да стави потпис на договор.
Сафар е висок 199 сантиметри, и е дел од националниот тим на својата земја.
Веројатно ангажман на голман ќе биде еден од приоритетите на „црвено-црните“ за идната сезона по заминувањето на Кизиќ во редовите на Еурофарм Пелистер.
Еве и фотографија на тренинг на Вардар: