Дибиров не го менува Вардар за ништо!

107

Тимур Дибиров и следната сезона ќе остане во Вардар. Рускиот интернационалец потпишал нов едногодишен договор со „црвено-црните“ и покрај тоа што е мета на многу клубови.

Исто како и лани одлучи да му даде предност на тимот со кого освои две титули во Лигата на шампионите.

Дибиров во Вардар дојде во 2013 година од тимот на Чеховски Медведи, тој веќе осма година го носи дресот на двократниот освојувач на пехарот во елитното европско клупско натпреварување.

Раководството на Вардар претходно го продолжи договорот со Филип Талески и Гоце Георгиевски. Во новата сезона нема да го гледаме Иван Чупиќ, Робин Кантегрел, Марко Кизиќ, Ловро Јотиќ.

ПретходноНема финале за Вајли и Сарагоса
СледноИ Калараш останува во Вардар